ДС: Ја поздравуваме одлуката на Пендаровски да не го потпише законот за дивоградбите, нема да дозволиме повторно да се изгласа

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Доколку ваквото законско решение стапеше на сила, тоа ќе ги наградеше прекршителите на законот, правејќи огромна неправда и дискриминација на оние граѓани кои чесно плаќаат комуналии и ја почитуваат законската процедура при изградбата на објекти за домување. Истовремено, ќе беше сигнал за сите граѓани непречено да градат нови дивоградби, надевајќи се дека во иднина ќе има нова амнестија.

Потсетуваме дека пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, заедно со независните пратеници на ЛДП и ДОМ, не гласаа за законот и побараа од претседателот Пендаровски да не го потпише.

Демократскиот сојуз останува цврсто против легализација на дивоградбите и ја повикува Владата да го повлече законот и да не го доставува во Собранието на повторно одлучување.

Доколку законот во иста форма се врати во Собранието, ќе ги искористиме сите  деловнивли можности за да не се донесе зсконот во ваква форма и решенија, кои се спротивни на темените Уставни решенија и повеќе други системски закони.

Back to top button
Close