ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во армијата

Албанците во армијата се исклучени и ограничени од донесувањето важни одлуки и пристапот до стратешки позиции. Маргинализацијата на Албанците не запира само со исклучувањето од раководните позиции, туку се проширува и во системот на военото образование. Загрижувачки е што наместо да помогнат во решавањето на овој проблем, избраниците на ВМРО-ДПМНЕ кои играат улога на „албански претставници“ само ја легитимираат оваа неправда, соопштија денеска од опозициската ДУИ.

Од партијата велат „Овие политичари се неспособни и без храброст да го кренат својот глас против оваа отворена дискриминација, станувајќи соучесници во маргинализацијата на Албанците. Во меѓувреме, македонскиот дел од општеството продолжува да молчи за оваа неправда, игнорирајќи ги загриженостите на Албанците и не разбирајќи дека дискриминацијата на еден народ не е само етнички проблем, туку и криза на самата држава“.

„Овој постојан молк само ги продлабочува поделбите и создава тензии кои ја оштетуваат иднината на соживотот во земјата. ДУИ им упатува апел на сите да ги слушнат легитимните загрижености на претставниците на Албанците. Албанците не можат да бидат третирани како граѓани од втор ред во нашата заедничка мултиетничка држава“ е партискиот став.

Апелираат на „итна реакција од сите институции и целото општество за да се стави крај на оваа дискриминација која ја загрозува заедничката иднина на нашата земја

Back to top button
Close