ДУИ бара да се повлече иницијативата до Уставниот суд во врска со албанскиот јазик

Ако премиерот на нелегитимнат влада сака да докаже дека нема антиалбанска агенда и дека не е против албанскиот јазик, нека даде пример со повлекување на иницијативата на неговата партија во Уставниот суд за оспорување на употребата на албанскиот јазик, како и да престане со инструментализирање и вршење притисок врз Уставниот суд да го продолжи процесот на еднострано повторно преговарање на Охридскиот договор.

Двојните стандарди, кога се вели едно, а се прави друго, никогаш не направиле вистински лидер и никогаш не помогнале во изградбата на доверба меѓу граѓаните на мултиетничко општество како нашето.
Чинот на повлекување на оваа иницијатива и запирање на притисоците врз институциите ќе биде конкретен доказ дека премиерот не користи празни декларации за да ги покрие дејствијата кои се спротивни на еднаквоста и интеграцијата.

ДУИ апелира до премиерот на нелегитимната влада да стави крај на хипокризијата и да покаже со дела дека е за еднаквост на сите заедници.

Секое поинакво однесување ќе се смета за продолжување на политиките кои продлабочуваат поделби и ја нарушуваат меѓуетничката кохезија.

Back to top button
Close