ДУИ бара премиерот да ја повлече иницијативата за оценка на Законот за јазиците

ДУИ го осудува барањето на премиерот Христијан Мицкоски за оставка на судијата на Уставниот суд, Осман Кадриу.

Од опозициската партија велат дека Мицкоски ја бара оставката поради тоа што Кадриу покажал отпор на обидите на Уставниот суд да извршува партиски наредби, иако премиерот јасно кажа дека оставката ја бара затоа што е недзволиво уставен судија во Судот да застапува албанска кауза, како што се пофали самиот Кадриу на телевизиски настап, а во врска со одлуката за уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците.

Наместо да реагира на скандалозното однесување на претседателот на судот, кој јавно призна дека намерно не го почитува Законот за јазици затоа што не му се допаѓа, премиерот продолжи да врши притисок врз судот да ја спроведе партиската иницијатива. Му упатуваме повик на премиерот да ја запре инструментализацијата на судот и веднаш да ја повлече иницијативата за оспорување на законот. Правната држава не се гради со политички притисоци врз независните институции“, соопшти ДУИ.

 

Back to top button
Close