ДУИ: Бурим Латифи и по три дена се крие и молчи за штетата од 6 милиони евра што ја предизвикал
ДУИ ја смета за целосно неодговорна континуираната тишина на Бурим Латифи, кој и по три дена не дал никакво објаснување пред јавноста во врска со штетата од околу 6 милиони евра што ѝ ја нанел на државата, се вели во соопштението од ДУИ.

Неприфатливо е за вакво сериозно прашање, кое се однесува на управување со јавни средства и институционална одговорност, да отсуствуваат транспарентноста и отчетноста. Јавноста има право да знае зошто е раскинат договорот со првата компанија и кои биле вистинските причини за таквата одлука.
Исто така, бараме јасни одговори зошто за истото прашање е склучен договор со друга компанија од Бања Лука, за која во јавноста постојат сомнежи за блискост со политички структури од Република Српска и Милорад Додик. Доколку овие наводи се точни, тогаш се отвораат сериозни дилеми за процесот на избор и за тоа дали е заштитен јавниот интерес.
Според јавно достапните информации, одлуката на органите за решавање на спорови (ДАБ) резултирала со финансиска штета за државата во износ од околу 6 милиони евра. Ова дополнително ја нагласува итноста од потребата одговорните да излезат пред граѓаните и да дадат целосни објаснувања.
ДУИ смета дека Бурим Латифи има директна обврска кон граѓаните да објасни:
* зошто е раскинат договорот со првата компанија,
* врз која основа е склучен новиот договор со компанија поврзана со Милорад Додик,
* и како дошло до финансиска штета од милиони евра.
Транспарентноста и одговорноста се обврска. Молкот во овој случај само ги зголемува сомнежите и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции.
Дополнително, ја повикуваме Јавното обвинителство да го истражи овој случај, како и Државна комисија за спречување на корупцијата. Одговорност мора да има и институциите без одлагање треба да постапат.






