Дука: Новите случаи на корона се поради непочитување на мерките

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, денеска изјави дек  новите 5 случаи болни од Коронавирус во последната недела од кои денеска 3, се поради непочитување на мерките за заштита од страна на населението, но и поради олабавување на мерките. Дука додаде дека моментално во изолација во градот Дебар се 15 лица.

Инаку дебарскиот градоначалник информираше дека состојбата е стабилна, но додаде дека поради непочитување на мерките можно е да има и нови случаи на болни од Коронавирус.

-И покрај тоа што околу 50-тина дена  немавме позитивни на Ковид 19, сега за една недела има нови случаи. Веруваме дека ако се придржуваме на мерките тогаш и во оваа фаза ќе успееме да немаме други болни – нагласи Дука .

На средбата со новинарите Дука информираше дека вчера во градинката Брешија е извршено тестирање на 69 вработени во градинката, во рамките на тестирањата што се одржани  во нашава земја .

На крајот упатен е апел до населението целосно да ги почитува мерките  на владата за целосна заштита од Ковид 19.

 

К. М.

Back to top button
Close