Дуковски: Ова од почеток е конструкција, со голема помош на соизвршителот кој влегува и излегува од притвор кога и како сака

Сашо Дуковски, адвокат Бојан Јовановски-Боки 13 вели дека пресудата која ја донесе судечкиот совет е без докази, а казната затвор е брутална, но очекувана.

„ Оваа пресуда нема докази. Судот во образложението на денешната одлука за вина се повикуваше на некакви докази. Што гледате вие како обичен конзумент од таа снимка? Гледате 3,5 секунди едно купче од пари и потоа гледате еден лик како да носи перце во рацете, носи една ташна. За најобичен поткуп од 50 евра на сообраќаен полицаец, се обележуваат парите и се фаќа. Дали вие мислите дека доколку тоа навистина така се случило, Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и веднаш уапсен? Ова е една конструкција почната од самиот почеток, со голема помош на соизвршителот кој влегува и излегува од притвор кога и како сака. Има двоструки аршини“, рече Дуковски.

Back to top button
Close