Дури 26 милиони Иранци се пријавиле за доброволци во воена служба

И покрај моменталниот прекин на огнот во војната со САД и Израел, повеќе од 26 милиони луѓе доброволно се пријавиле за воена служба, јави ДПА повикувајќи се на иранските медиуми.

Веста доаѓа како дел од кампањата наречена „Жртвувај го својот живот“, објави денеска државниот радиодифузер IRIB во среда.

Во Иран живеат околу 90 милиони луѓе, потсетува германската агенција.

Според државното радио, волонтерите треба да бидат распоредени заедно со Револуционерната гарда и армијата. Планирани се и човечки синџири за заштита на потенцијални цели.

Според IRIB, меѓу лицата кои се пријавиле и регистрирале за воена служба  се и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, повеќето од неговите министри, како и бројни функционери, спортисти и уметници.

Влијателниот претседател на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, исто така е регистриран како доброволец, пренесува ДПА.

Back to top button
Close