Двајца обвинети за терористичкиот напад во Москва ја признаа вината

Првообвинетиот во случајот со терористичкиот напад на московската концертна сала „Крокус“, Далерјон Мирзоев во целост ја призна вината, пренесува РИА Новости. Својата вина ја призна и другиот обвинет.

Како што јави РИА, Обвинителството бара апсење на третообвинетиот во случајот со терористичкиот напад.

Четвртообвинет е Мухамедсобир Фајзов.

Потсетуваме, првите двајца осомничени за нападот на салата во предградието на Москва, во кој загинаа 137 лица, вчера беа изведени пред судот во Москва, кој треба да одлучи за нивниот притвор.

Како што пренесуваат руските новински агенции, тие двајца осомничени се обвинети за „тероризам“ и им се заканува доживотен затвор.

Руските власти претходно објавија дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица напаѓачи.

Back to top button
Close