Двајца скопјани дома биле пронајдени мртви

Во својот дом на улица Босна и Херцеговина во Скопје вчера во 17.45 часот во полиција било пријавено дека починати се А.М.(58) и С.М.(57).

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција, соопшти МВР.

Back to top button
Close