Дванаесет шишиња вино симболично подарени во спомен на годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци

 Дванаесет шишиња вино денеска симболично беа подарени во месноста Моклиште, во спомен на 77 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци. На вината беа прикачени и стиховите од песната „Цветови“ на Славко Јаневски, посветена исто така на хероите од кавадаречкото село Ваташа.

-Виното отсекогаш се произведувало на овие простори. Ние сме сопственици на семејната винарија „Параџик“ која е во фаза на регистрација. На овој начин сакавме симболично да го одбележиме овој ден од историјата на Тиквешијата. Да не се заборави жртвата на ваташките младинци и такви злосторства да не се повторуваат во иднина, за МИА изјави ваташанецот Блаже Стојановски.

Back to top button
Close