Две лица од Лекарска комора позитивни на ковид-19

Две лица вработени во административната служба на Лекарската комора се позитивни на коронавирусот.

Информацијата ја потврдија од Комората и додаваат дека во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје направена е епидемиолошка анкета и тестирање на сите останати вработени во Лекарската комора.

„Двајцата вработени, позитивни на САРС-КоВ-2 вирусот, не се медицински лица и не доаѓаа на работа во изминативе две недели поради користење годишен одмор, а според проценката и тестирањето сите останати вработени се со низок ризик и негативен тест, поради што Лекарската комора немаше прекин во работата и ќе продолжи непречено да работи – се вели во нивното соопштение.

Back to top button
Close