Две лица загинаа при уривање на мал авион во Калифорнија

Две лица загинаа кога мал авион се урна на аеродромот во градот Трaки во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти локалната полиција.

Едномоторниот авион се урна синоќа додека се обидувал да слета на аеродромот Трaки Тахо, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.

Не е наведено колку луѓе имало во авионот.

Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација денеска ќе почнат истрага.

Back to top button
Close