Поплавена зградата „Нова Македонија“, повеќе државни институции без струја
Поради пукната топловодна цевка утрово е поплавен првиот кат од административната зграда „Нова Македонија“ во Скопје. Од безбедносни причини електричната енергија во целиот објект е исклучена, поради што не работат ниту лифтовите, ниту компјутерските системи и серверите.

Технички екипи се на терен и работат на испумпување на водата и санација на дефектот. Можно е објектот да остане без електрична енергија и во наредните денови.
Во зградата се сместени повеќе државни институции, меѓу кои Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Државната изборна комисија, делови од Министерството за економија и труд, како и други државни агенции и управи






