СДСМ: 5 нови рудници, антимон, дата-центри- арамијата Мицкоски ја гледа Македонија како плен
Соопштение на СДСМ
Додека надвор зборува дека Македонија не е сериозна држава и ги навредува граѓаните дека се талог, Мицкоски ја распродава земјата, водата, рудата, националното богаство.

Нема економски резултат, нема економски политики. Македонија ја гледа како плен.
Водата, земјата, рудата, се е на распродажба за туѓи бизнис интереси и прифити. За граѓаните останува отровот, ризиците по здравјето и сметката за неговите договори.
Пет нови рудници – Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, планирани геолошки ископи на Кожув, а сега и рудник за антимон, метал за воената индустрија.
Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД, а тој им враќа со земја и ископ. За нив профити и провизии, за народот отровен антимон и живот покрај јаловишта.
Истата шема како со дата-центрите: пет-шест фирми под радар, договори далеку од јавноста, а државните ресурси на маса.
Додека кошничката достигнува 90 илјади денари и народот едвај врзува крај со крај, приоритет на Мицкоски се бизнисите, провизиите и профитите. ЕСМ тоне, државата се задолжува, а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку врските со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила.
За граѓаните нема ништо. За бизнис интересите има договори, провизии, профити.
Арамијата Мицкоски ја гледа Македонија како плен. Зад затворени врати ја крои судбината на цели населени места и ги става во ризик водата, земјата и здравјето на луѓето.
СДСМ силно ќе се спротивстави на овој грабеж, на оваа пљачка.
Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците.
Здравјето на луѓето не е ставка во ничиј бизнис-договор. Македонија не е на продажба






