Две тела пронајдени кај багажот на авионот што слета на Флорида
Две лица се пронајдени мртви во багажот на авион што слета на аеродромот Форт Лодердејл-Холивуд во Флорида.
Телата биле откриени при рутинска проверка за одржување. Трагичниот случај е од понеделник навечер, пренесува The Guardian.
Од авиокомпанијата објаснуваат дека се истражува начинот на кој двајцата се качиле во авионот. Идентитетот на починатиот се уште се утврдува.
„Ние тесно соработуваме со властите за да разбереме како се случи овој трагичен инцидент“, се вели во соопштението на компанијата.
Последниот лет на авионот во кој беа пронајдени двете безживотни тела бил од аеродромот Џон Кенеди во Њујорк.