Две жртви при пукање во црква во Алабама

Две лица загинаа, а едно е повредено при пукање во црква во американската држава Алабама. Напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.

Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква „Свети Стефан“ во Веставија Хилс, град со околу 34.000 жители.

Уапсениот влегол во црквата и пукал, при што повредени се три лица, од кои две им подлегнале на повредите.

– Ова не би требало да се случи никогаш, ниту во црква, ниту во продавница, ниту во градот ниту каде било, изјави гувернерката Кеј Ајви.

Back to top button
Close