Двегодишно девојче пронашло пиштол во градинка, па случајно пукало во себе
1Трагичен настан се случил минатата недела во градинка во Лас Вегас.Двегодишно девојче од Лас Вегас случајно пукало во себе си откако нашло пиштол во дворот на градинката.Се смета дека девојчето го пронашол пиштолот откако тинејџер го фрлил како би се ослободил од него.</

Тинејџерската расправија која се одвивала во градскиот автобус допринела за уште еден немил настан. Еден од тинејџерите пукал во другиот, а потоа оружјето го фрлил во дворот од градинката.
Девојчето веднаш е транспортирано во болница, додека во петокот од полицијата соопштиле дека таа е во критично, но во стабилна состојба, од полицијата наведуваат дека момчето кое најпрвин настрадало во автобусот е пренесено во болница и е во стабилна состојба.
Не ни кажаа што се случило, само да дојдеме, дека станува збор за итен случај- изјавила тетка на едно од девојчињата со кое повредена е во група
Дел од родителите видно вознемирени. Збунети како е возможно дете да пронајде огнено оружје пред воспитувачките во градинката.





