Дворски будали
Мерсел Биљали
Поради лажното минато, од иднината не остана ништо, освен потпросечни гласачи водени од потпросечни водачи со потпросечен државнички капацитет, а тоа резултира со општа подпросечност што се сомнева во можното и верува во невозможното.!

Во книгата „Време за танцување, време за умирање“, авторот Џон Волер опишува многу чудно однесување со трагични последици за голем број луѓе, претежно жени. Имено, во средината на јули 1518 година, на улиците на Стразбур, извесна госпоѓа Трофа почнала да танцува со денови со голема еуфорија, иако без никаква причина. По неколку дена, илјадници други жени и мажи од градот се придружиле на танцот, еуфорично, без одмор и без причина, со исцрпеност што дури ни маратонци не би можеле да ја издржат. Бројни мртви лежеле на улиците, а смртта веќе демнела зад секој агол, но танцувањето не запрело. Некои го протолкувале како „Божја казна“ за сторени гревови, други како казна за „обожување на ѓаволот“, а трети како „колективно лудило“! Денес, медицината има неколку теории за овој феномен – од масовна хистерија до тифус, или колективно труење со мувла, чиј нуспроизвод е ЛСД (кој расте во ‘рж и други житарки).
Дека ова не беше некаква шега или хумористичен изум, покажува фактот дека епидемијата е детално запишана во бројни црковни записи од тоа време, како и во оригиналните градски хроники, па дури и во официјалните документи на градскиот совет на Стразбур.
А ние, со мувла во главите, постојано „танцуваме“ и аплаудираме за масовно иселување млада популација, кои добро знаат дека би им било подобро насекаде по светот освен во својата татковина. А ние смирено го поддржуваме „лудиот танц“ и никогаш не сфаќаме дека тоа е танц со ѓаволот, а покровител е власта. Дури сме горди на владдеења од кои нормалниот свет се срами. Просто е неверојатно колку сме неверојатно прости.
Измамата е јасна и за чудо долготрајна. Никаде на оваа планета не е познато дека луѓето избираат влади и политичари за да го зачуваат својот идентитет. Освен овде во нашата земја каде што живеат лаги со опашка. И по 36 години, наместо да се развиваме како која било нормална држава, наивно дозволуваме бедни политичари да нè лажат и крадат, и да нè убедуваат дека тоа го праваат за наше добро. Дури ни кажуваат дека мора да бидеме горди и кога сме гладни и бедни. А нормални млади луѓе масовно си бегаат од тука во потрага по понормалност и прифаќаат нормален странски идентитет. А преостанатите сами со нивно гласање прифаќаат да останат сиромашни. Штом веруваш на лаги татковината мајката ќе ти ја заплаче. Тоа е дел на божја казна штом веруваш на измамник. Секој што има грам ум, треба да знае дека само богата нација има свој идентитет. Оној што има силна економија, ќе има идентитет за извоз. Преку сиромаштијата, човекот го губи дури и слабиот идентитет што го поседува.
Да бевме нормални (а со тоа и развиени), бројни народи ќе молеа за овдешни идентитети, исто како што ние молиме за западни идентитети. Дури и најголемата империја во човечката историја (Монголската империја на Џингис Кан), се сруши поради лаги и манипулации. Навредливо е за која било нација да очекува популистите да го зачуваат нејзиниот идентитет. Напротив, ќе го загуби дури и тој оспорен идентитет. Со самиот факт што си принуден да ја напуштиш земјата за да обезбедиш нормален живот, тој политичар веќе ќе ти го уништи идентитетот. Најлошото од сè е што политичарите без срам, го оправдуваат егзодусот велејќи дека тоа е белег на Балканот. Но, ај да видиме што вели статистиката на бројни демографи за емиграцијата на млади луѓе под 35 години во последните 20 години, на база 1.000 жители! 92 млади луѓе емигрирале од Црна Гора, 215 од Хрватска, 283 од Србија, 291 од Албанија, 294 од Босна и Херцеговина и дури 402 од Македонија.
Срам во Словенија!
Еден пријател кој живее во Словенија ми раскажа колку се срами од изјави на нашите претставници кои пред некое време патувале таму. „Не дај Боже да слушате што тивко коментираат домаќините“ – вели тој. Никако да разбереме дека со 36 години „танцување“ во име на некое лажно минато, ја убивавме нашата сегашност и иднина. Сега ја убиваме и надежта. Поради лажното минато, од модерноста не остана ништо, освен потпросечни луѓе со потпросечни водачи со потпросечен државнички капацитет, што резултира со општа ментална потпросечност.
Важно е тоа што танцуваме, дури и да не знаеме зошто. Од друга страна, танчерите се многу среќни ако добијат работна виза за да живеат илјадници километри од нивната сакана танчерска татковина, која секојдневно се полни со Филипинци, Бангладеши, Пакистанци итн.
Милијарда евра фрлени на ветер!
Популистичката власт, по својата природа, не дозволува вистинско пребројување на луѓето во земјата, бидејќи тогаш ќе се види дека царот е гол. Земјата е поделена на половина од такви цареви кои ги бројат само дворските будали чии талент е само кимнување со главата. Држиме околу 50 илјади вишок буџетски платеници кои ја чинат државата околу милијарда евра годишно, фрлени пари на ветер. Со добра организација, тие би можеле да се вклучат во производствениот сектор, а потоа развојот станува достапен. Но, земјата продолжува со својот ненормален танц, но со видно намален број на танчери. „Царот“ вели дека никогаш додека дише, „ниту тој, ниту оној по него, ниту оној по сите нив“, нема да може да го „продаде“ идентитетот. Интересно што за прв пат се случува на планетава некој да продава или купува нечиј идентитет на кванташки пазар! Секој паметен ќе каже дека не ни требаат избори за да создадеме нов „неронизам“, туку колективна психотерапија, бидејќи здравите гласачи, кои ги има сè помалку и помалку, знаат дека 36 години ние го бираме поголемото зло. Дури и ѓаволот избегаа од тука знаејќи дека самите ќе си создадеме огромен пекол.
Танцувањето продолжува со се помал број танчери!
Во 1996 година, меѓу сите земји од Источна Европа – Полска, Чешка, Словачка, Естонија, Латвија, Литванија, Украина, Молдавија, Словенија, Бугарија, Романија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово (едни дури беа окупирани) – Македонија беше втора на европскиот барометар, веднаш зад Словенија. Во тоа време, нашиот единствен проблем беше името, и наместо да го најдеме решението што се бараше во тоа време со некои додавки, низ изгубиме златни години. Да бевме паметни, ќе станевме членка на ЕУ уште во 2004 година заедно со Словенија и сега ќе прославевме 22 години членство во ЕУ. Не се вели без причина – пред да тргнете во потрага по среќа, треба да проверите, можеби веќе ја имате, но не знаете да ја искористите!
Наредната шанса беше прокоцкана од Груевски, кој уфрлил турбо фалс патриотизам од инает на Грција. Шансата беше со постојната ПЈРМ. Во 2008 ќе станевме членка на НАТО. А неколку години подоцна на ЕУ. Дојде ВМРО и се падна во вода. Штом не го прифаќате малото можно, ќе го добиете големо невозможно. Сега, млади во цутот на животот ја напуштаат својата безнадежна татковина, која повеќе се грижи за мртвите отколку за живите. Имаме политика на вековно стари гробишта, каде што политичарите се натпреваруваат кој ќе понуди повеќе минато! Не се вели без причина – не треба да се бара среќата таму каде што е изгубена.
На државата не и е потребно ниту лажен патриотизам ниту лажни интеграции. Таа има потреба од развој, од функционален систем, од иницијативност, од теренски инструкции. Државата има потеба од иницијативност. Секоја средина треба да има своја фармерска и индустриска зона која гратис ќе им се нуди на сите што би инвестирале со едноставни процедури. Бројни држави би посакале да ги имаат овдешните ресурси. Нормални држави дури и од пустини праваат плодно земјиште како Израел, Кина, Боцвана итн. А ние од плодни земјишта правиме пустини. Кина дури и од Тибет прави плодно земјиште. Холандија, со лоши климатски услови, секоја година има над 130 милјарди евра извоз на храна. Луѓето имаат потреба од информации како до европски фондови. Голем број странски компании, милјарди евра земаа за ништо и си заминаа! Сега се задолжуваме тешки милјарди и наместо за производна дејност ние ги трошиме по неприоритетни и непродуктивни работи. Чисто како „шветска маса“ за мафио-олигарси.






