За судење во финалето на Мундијалот Винчиќ ќе заработи 60.000 долари
Фудбалскиот судија Славко Винчиќ од Словенија ќе го суди финалето на Светското првенство 2026 помеѓу Шпанија и Аргентина.

Мечот утревечер се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а помошници на Винчиќ ќе му бидат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
Словенечкиот весник Delo пишува дека главниот судија на финалето треба да заработи околу 60.000 американски долари за тој натпревар.
Заработката на Винчиќ за целиот турнир може да достигне околу 140.000 долари, без бонусите и пресметките на ФИФА.
Фиксната такса за самото учество на Светското првенство изнесува 70.000 долари.
Винчиќ судеше на Евро 2020, а во 2022 година го судеше финалето на Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс. Две години подоцна го судел финалето на Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, а судел и натпревари на Евро 2024, вклучувајќи го и полуфиналето помеѓу Франција и Шпанија.
Минатата година тој судел и на Светското клупско првенство во САД. Ова е негово второ Светско првенство. На СП 2022 во Катар судеше два натпревари, а на тековниот турнир ги водеше Бразил – Мароко и Јордан – Алжир во групата и Мексико – Екваор во осминафиналето






