ДЗС: Раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, пад кај горивата

Кај групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун прометот номинално е зголемен за 17,3 отсто, додека реалниот раст изнесува 11,3 отсто

Во Трговијата на мало со автомобилски горива е регистриран пад од 19,4 отсто во реални услови, додека номиналното намалување изнесува 1,8 отсто

Во април годинава, во споредба со април минатата година, е забележан раст на реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун од 11,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, во трговијата на мало во април 2026 година, во однос на истиот месец лани, кај оваа група прометот номинално е зголемен за 17,3 отсто, додека реалниот раст изнесува 11,3 отсто.

Во групата Tрговија на мало со непрехранбени продукти, освен горива, е забележано номинално намалување од 1,1 отсто, но реално зголемување од 5,2 отсто.

Кај Трговијата на мало, освен трговијата со горива, прометот е зголемен за 8,6 отсто номинално, односно реално за 9,3 отсто.

Спротивно на тоа, во Трговијата на мало со автомобилски горива е регистриран пад од 19,4 отсто во реални услови, додека номиналното намалување изнесува 1,8 отсто.

 

Back to top button
Close