ДЗС соопшти кои професии се најплатени во Македонија, а кој има најниска плата

Програмерите имаат високи, а текстилните работници многу ниски плати.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на врвот, со највиски примања убедливо се програмерите.

Тие земаат во просек над 72.000 денари, што е раст за 10 отсто во однос на истиот период минатата година. Веднаш зад нив се вработените во фармацијата, каде просекот е над 47.000 денари.

Следни се лицата кои работат во финансиските дејности, телекомуникациите, воздухополовниот транспорт, управувањето со отпад и управувачки дејности.

Најмали се платите во текстилната индустрија. Во секторот  производство на текстил просечната плата е над 22.600 денари, а кај производството на облека над 17.500 денари

Back to top button
Close