Ќе се изненадите во кои години луѓето се чувствуваат најпривлечно
Не се чувствуваме подеднакво привлечни во нашите дваесетти, да речеме, и педесеттите, а еве кога сме најпривлечни!
Интересно истражување спроведено во Велика Британија покажало дека луѓето се чувствуваат најпривлечно во педесеттите години, бидејќи се помалку ги интересира што мислат другите за нив. Токму, најпривлечно се чувствуваат на 53 години, а тоа се одразува и на нивниот сексуален живот
Според резултатите од студијата, четири од десет луѓе на возраст од педесет години (41 процент) велат дека сега се чувствуваат попривлечно и подобро во својата кожа. Покрај тоа, речиси една петтина од нив сметаат дека флертувањето и излегувањето во тие години е многу позабавно.
Исто така, 53 проценти од луѓето постари од 50 години велат дека предноста е што сега подобро знаат што сакаат во врската отколку кога биле помлади. Не се плашат ниту од одбивање, па полесно се решаваат да и пријдат на личност која им се допаѓа, барем така велат 40 отсто од нив.
Сексот, велат, не е подосаден во педесеттите, напротив. Дури 31 процент од нив сметаат дека врските се многу позабавни на оваа возраст, а не им се непознати дружењата за една ноќ.
Кога ќе размислите за овие резултати, тие не се сосема нелогични како што изгледаат на прв поглед, бидејќи дефинитивно е дека луѓето во таа фаза од животот престануваат да се оптоваруваат со туѓите мислења, многу подобро разбираат што сакаат и го прават тоа со многу повеќе самодоверба