Ќе се тестираат учениците за Ковид-19

Во следните денови ќе има и скрининг во основни и средни училишта, најави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, но деталите ги најави во следните денови, пренесе Фокус.

-Сакаме скрининг на состојбата, бидејќи децата се често и асимптоматски преносители. Методологијата ќе ја кажеме во следните денови, бидејќи бара согласност од родителите и така натаму, рече Филипче.

Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што, според министерството е исклучително низок процент. Вакциниран е над 72 отсто од наставниот кадар, што е речиси двојно повеќе од националниот просек.

Back to top button
Close