Еден од најбараните напаѓачи во Европа сака да премине во Барселона

– Џонатан Дејвид е мета на големите европски клубови. Напаѓачот од јуни ќе може слободно да потпише за која било екипа, а Лил е свесен дека тешко ќе ја задржи својата ѕвезда.

Канаѓанецот е подготвен да се впушти во нова авантура и откри дека една од неговите посакувани дестинации е тим од Ла Лига. Поточно Барселона.

Дејвид (25) даде интервју за медиумот „Тоа се вика фудбал“, каде изрази желба да игра во Шпанија.

-Ја следам Ла Лига уште од дете и еден ден би сакал да играм таму, истакна тој.

Пред неколку месеци, во интервју за „Атлетик“, Дејвид веќе призна дека би сакал да игра за Барселона.

-Тоа е тим за кој навивам уште од детството. Кога ќе пораснеш навивајќи за некој тим, сонуваш да играш за него еден ден, истакна тој.

Сезоната на Џонатан Дејвид не остана незабележана од големите европски тимови. На 24 натпревари за Лил во Лига 1, Дејвид има 14 гола и три асистенции.

Ниту во Лигата на шампионите бројките не се лоши. Седум гола на 10 натпревари. Напаѓачот е поврзуван и со тимови како Арсенал, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Back to top button
Close