Еден од симптомите е конјунктивитис – се појави нов сој на коронавирусот
Арктурус е новиот сој на коронавирусот откриен во 22 држави.
Toj предизвика зголемување на бројот на заразени во Индија. Истражувањата покажуваат дека овој сој може да биде 1,2 пати позаразен од последната подваријанта. Важно е дека не изгледа посмртоносен од претходните соеви, пишува N1.hr.
Познат и како подваријантата Omicron KSBB.1.16, овој сој првпат беше идентификуван во јануари, а Светската здравствена организација (СЗО) го следи од 22 март, објави Independent. Д-р Марија Ван Керхове од СЗО рече дека тој бил во оптек неколку месеци.
„Не видовме промена во сериозноста на несаканите ефекти кај поединци или популации, но има една дополнителна мутација во протеинот на шилецот, кој во лабораториските студии покажува зголемена инфективност, како и потенцијално зголемена патогеност“, рече таа.
Индиското Министерство за здравство објави дека имаат 40.215 активни случаи на ковид на 12 април, што претставува зголемување за 3.122 за само еден ден. Поради оваа причина, во некои земји повторно е воведена обврската за носење маски за лице.
Симптомите вклучуваат висока температура, кашлица и конјунктивитис (воспаление на конјунктивата на окото).
„Иако зема замав во Индија во последните неколку недели, не се зголеми брзо на глобално ниво. Претпоставувам дека ќе видиме бран на инфекции со оваа варијанта, но се сомневам дека ќе биде голем бран“, вели британскиот професор од Универзитетот во Источна Англија, Пол Хантер за Дејли Меил.
Вирусот се појави во 2019 година во Вухан во Кина. Потоа се прошири во целиот свет, а имаше и повеќе мутации. Над 6.8 милиони луѓе во светот, според Wordlometers починале од коронавирусот