Една од најтажните приказни од трагедијата во Турција е таа за Месут Хансер

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Спасувачите се во трескавична трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО процени дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000.

Една од најпотресните фотографии доаѓа од разурнатиот град Кахраманмарас. На сликата се гледа како Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, закопана во урнатините.

Back to top button
Close