Една од омилените плажи во Грција летово ќе биде затворена за туристите
Плажата Навагио на островот Закинтос, летово ќе биде затворена за посетители, односно капачи и туристи, поради страв од дополнителни одрони.
Тимот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита – ОАСП соопшти дека постои значителен ризик од лизгање на земјиштето поради ерозијата на околните карпи.
„Безбедноста на жителите и посетителите е над сè и одлуката е донесена земајќи ги предвид новите научни податоци на ОАСП и неговиот претседател, професорот Ефтимиос Лекас, со оглед на големиот број посетители на овој простор за време на туристичката сезона“, вели министерот Василис Кикилијас.
Плажата Навагио на островот Закинтос е затворена за локалното население и посетителите од септември минатата година, откако земјотресот со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала предизвика големи камења од околните карпи да паднат во заливот.