Ефковски: Наместо да одмориме летото, имаме големи шанси повторно да се затвараме

Светот доживува пад на нови случаи на КОВИД-19, што е видливо во земји како САД, Канада и Индија.
Не е од вакцините, тоа е сигурно!
При ваков прекин на синџирите за снабдување со вакцините и несогласувањето околу плановите за проширување на вакцинацијата по светот, едноставно тоа не е можно.
Заштитната мерка, како што е носењето на маски во затворени простории, во научните кругови е нагласена како исклучително корисна во намалување на бројот нови случаи, но не можеме да ја прескокнеме и сезонската предиспозиција на КОВИД-19, која е фактор за помал пренос на вирусот во наведените држави.
Дополнително, во многу заедници, имаше толку многу инфекции што дава одредено ниво на имунитет на населението. Не имунитет од стадо, но доволен имунитет на популацијата за да предизвика забавување на вирусното ширење.
Во пониските социо-економски заедници, може да имаме и полни џебови имунитет на стадо, нема достапни податоци.
СЗО во своето последно ажурирање соопшти дека бројот на глобални инфекции со КОВИД-19 паднал за 16% за една недела – што резултира во помалку пријавени скоро половина милион случаи.
Но, во одредени делови на светот, вклучително и во голем дел на Европа, се уште е многу слаба контролата на пандемијата, а како фактор се смета и ширењето на новите варијации на вирусот.
Како земја, топло препорачувам да ги почитуваме и следиме варијантите со одредено ниво на загриженост. Се уште не знаеме ништо доволно за нив, а од она што го гледаме е дека некои варијанти се полесно преносливи, а скоро видовме и дека една мутација КОВИД-19 се омажи за друга мутација на КОВИД-19 – тоа е сега рекомбинантен вирус. Како тој ќе се однесува кон човекот, останува да следиме будно.
Добро што до лето имаме некаква шанса да вакцинираме доволно медицински работници, како би ја подобриле еластичноста на здравствените установи, но и целокупната безбедност на пациентите и старите/болните лица во заедницата.
За жал, не гледам дека некој многу се загрижи за подобрување на заштитните мерки, согласно новите упатства за Ковид-19.
А и што би се грижел некој ..
Знаете дека во пандемијава во Македонија 18,000 лица изгубиле работен однос, а дополнително 24,000 лица се ново пријавени за вработување?
6,000 дополнително се во најава ако се откажат и оние кои и денес протестираа за да добијат “протокол” за работа.
Неспособноста и после година дена да немаш обезбедено протоколи за работа на сите сектори, само покажува колку несериозен пристап имаме кон здравјето и економијата.
Кој ви брани да ставите во протоколот лице задолжено за заштита и безбедност, камери за инспекциски надзор, дополнително обезбедување, високи стандарди за вентилација, филтрација, ограничување во бројот на гости по квадратен метар, нов ритуал за свадбени веселби, високи казни + кривична одговорност за оној кој прекрши протокол итн..
Овој тренд за пад на нови случаи по светот би требало да дојде кај нас со пролетта, но со ваков игнорантски однос кон непознатото од варијантите и можностите за заштита на населението, ние само овозможуваме доволно време за ширење на нова епидемија. Наместо да одмориме летото, имаме големи шанси повторно да се затвараме или да ни ги затворат границите за излез.

Back to top button
Close