ЕК: Лажни се изговорите на Газпром утре да не дистрибуира гас до ЕУ


Портпаролот на Европска комисија, Ерик Мамер на Твитер објави дека одлуката на Газпром утре да не дистрибуира гас до ЕУ е донесена „под лажни изговори“.

– Овој потег потврдува дека Газпром е несигурен снабдувач, напиша Мамер.

Тој додаде дека континуираните намалувања на снабдувањето со гас се „доказ за рускиот цинизам“.

– Русија попрво би го запалила гас отколку да ги почитува договорите, наведе Мамер, алудирајќи на минатонеделната анализа која откри дека Русија согорува големи количини гас во еден од нејзините капацитети наместо да го користи за договорени испораки.

Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1.

Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор. Но, компанијата не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1.

Back to top button
Close