Екипа на БНТ била каменувана во Србија – следи протест пред српската амбасада во Бугарија

Екипа за истражувачко новинарство на „БНТ“ била нападната во Србија, изјавилa водителката на емисијата Богдана Лазарова, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Инцидентот се случил на државниот пат пред еден рудник, кога бле запрени од минибус и биле каменувани од шест-седум лица.

На местото на инцидентот веднаш од Ниш пристигнал Генералниот конзул на Бугарија Димитар Цанев.

„По овој инцидент пред Амбасадата на Србија во Бугарија ќе имаат протест од активистите за заштита на животната средина, а се очекува и бугарското Министерство за надворешни работи да испрати протестна нота поради нападот врз нивните граѓани“, соопштија од БНТ

 

 

Back to top button
Close