Екс градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад и вознемирување

Ноела Данфи, поранешна соработничка на Руди Џулијани, го тужи екс градоначалник на Њујорк за 10 милиони долари, за, како што наведе, „злоупотреба на моќ, сексуални напади и вознемирување, кражба на плата и недолично однесување, како што се сексистички, расистички и антисемитски забелешки“.

Поднесената тужба во државата Њујорк вклучува наводи дека Џулијани „често барал орален секс додека бил на телефон со високи функционери и пријатели, вклучително и тогашниот американски претседател Доналд Трамп“.

Данфи рече дека Џулијани „уживаше затоа што тоа го натера да се чувствува како Бил Клинтон“.

Адвокатот на Џулијани остро ги отфрли овие обвинувања и рече дека тужбата на Ноела е „чисто вознемирување и обид за изнуда“.

Џулијани веќе беше во голема правна опасност. Имено, тој имаше водечка улога во обидот да се поништат изборите во 2020 година.

Со оглед на тоа што работните дозволи му се суспендирани, Џулијани наводно е под ризик од кривична пријава.

Во својата тужба од 70 страници, Данфи тврди дека Џулијани ја вработил во јануари 2019 година.

Според обвинението, Џулијани бил „на врвот на својата кариера, служејќи како адвокат на Трамп“.

Back to top button
Close