Екс министерот Хоџа јавно пиел кафе со Муса, ама мисли дека го следат и сликаат

На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа и поранешниот висок функционер на ДУИ, Муса Џафери.

Хоџа призна дека таа фотографија е вистинска, наведувајќи дека средбата се случила на јавно место без да се крие од никого и без никакво влијание во политичко дејствување.

Хоџа прашува кои се луѓето кои го следат секој негов потег и дали е тоа следење со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на министерот кој е во оставка од актуелната Влада.

– Гледам дека почнаа да се шири фотографија од моја фотографија со Муса Џафери, средба која се случила на јавно место без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Како активна личност во политиката имам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за актуелните политички прашања. Прашањето што се поставува е: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова е мониторинг со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на едно министерство во оставка на актуелната Влада. Ако нечиј стол на власт и попречува растот на Движењето БЕСА, тоа е проблем на оние кои ја имаат оваа грижа, а не наш, вели Хоџа.

Тој додава дека ако некоја партија на власт и попречува растот на Движењето Беса, тоа е нивен проблем, а не негов.

Она што останува енигма од оваа средба е темата за која разговараа господинот Хоџа и господинот Џафери.

Извор Слободен печат

Back to top button
Close