Екс припадникот на ОВК Блерим Рамадани e пуштен во домашен притвор. Меџити за косовската тв 7ветил дека прават се да биде веднаш пуштен
Екс припадникот на ОВК Блерим Рамадани, баран од Србија за екстрадиција, денеска е пуштен од притвор од Затворот Скопје. Косовскиот граѓанин според решението, е упатен во домашен притвор на адреса во Скопје. Пуштањето на Рамадани се случува само еден ден по официјалната посета на министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла на Скопје.
Поранешниот припадник беше приведен на граничниот премин Јажинце, на влез во Македонија, по распишаната потерница од Србија. Рамадани е на списокот со меѓународни потерници за припадниците на ОВК на Србија, осомничени за воени злосторства на Косово во периодот од 1997 до 1999 година.
Вицепремиерот и министер за еколонија, Изет Меџити синоќа повторно зборувал за случајот со поранешниот припадник на терористичката ОВК, Блерим Рамадани. Во интервју за косовската телевизија „Т7“, Меџити изјавил дека „прават што е можно побрзо за да го ослободат“.