Емотивен говор на ќерката на Аки Рахимовски: Лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек. Те сакам тато (ВИДЕО)

Аки Рахимовски денеска  беше погребан на  загрепските гробишта  Мирогој. На погребот се собраа бројни пријатели и колеги и членови на семејството.

Емотивниот говор на неговата ќерка Дина расплака многумина.

„Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек“, рече Дина со скршено срце.

“Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал само под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато, бидејќи им е досадно без тебе. И само така ти знај, само ти, тато, и никој како тебе“, рече таа.

„Те сакам тато“, го завршила својот говор.

Потоа започна песната I Did It My Way. Фотографијата на Аки на погребот ја носеле неговите внуци.

Многу музичари дојдоа за последен пат да се простат од Аки. „Нашата улица е тажна откако не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат оние што остануваат“, пишува пред бината покрај фотографијата на Аки. Ова се стихови од песната на Парни Ваљак, „Моја је песна лагана“.

Аки Рахимовски почина на 67-годишна возраст

 

 

Back to top button
Close