ЕП го повика Европскиот совет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија

 

– Членовите на Европскиот парламент (ЕП) го повикаа Европскиот совет на состанокот од 14 до 15 декември да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Под услов да се преземат одредени реформски чекори, се наведува во објавата на веб-страницата на ЕП, треба да се отворат пристапни преговори со Босна и Херцеговина, а на Грузија треба да добие кандидатски статус.

Европратениците го поздравија новиот план за раст за Западен Балкан и ги повикаа лидерите на ЕУ да ја усвојат преговарачката рамка без одлагање, откако ќе се исполнат релевантните услови кои се однесуваат на секоја од земјите кандидати, со цел брзо започнување на пристапните преговори, се вели на веб-страницата на ЕП.

Back to top button
Close