Ердоган ги обвини грчките безбедносни сили дека прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и дека убиваат бегалци
Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци, тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган се обрати преку видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото национално собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул.
Тој додаде дека „земјите како нас, што се соседи во кризни подрачја, имаат најголем товар кога се во прашање миграцијата и бегалците, а не развиени општества што само го креваат гласот”.
Според Ердоган, оние кои прифатиле неколку стотици бегалци и ги користат како рекламен материјал, не преземаат никаква одговорност пред сè поголемата хуманитарна криза.