Ердоган најави кандидирање за претседателските избори идната година
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека повторно ќе се кандидира на претседателските избори закажани за јуни 2023 година, во прво официјално соопштение.
„Овде велам, Таип Ердоган е кандидат на Народната алијанса за претседател”, нагласи Ердоган пред приврзаниците во Измир.
По речиси 20 години на власт, конзервативната Исламска Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган ќе излезе на избори во услови на растечка валутна криза, највисоката стапка на инфлација во последните две децении и зголемената невработеност, меѓу другите проблеми.
Опозицијата, исто така, го обвинува Ердоган за засилување на заплашувањето на потенцијалните политички ривали во контекст на изборите во 2023 година.
АКП и МХП формираа сојуз на изборите во 2018 година, кога Ердоган беше реизбран со уште поголеми овластувања