Ердоган планира разговор со Путин во Казахстан

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Казахстан.

Ердоган очекува да разговара со Путин на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка на 3-4. јули во Астана.

На дневен ред на преговорите меѓу двајцата лидери ќе се најде ситуацијата во Украина, билатералните прашања и особено изградбата на гасен центар во Турција, објави претходно телевизијата Хабертурк, повикувајќи се на неименувани извори.

„Во наредните денови претседателот најверојатно ќе се сретне со Путин во Казахстан“, изјави Фидан во интервју за Хабертурк.

Back to top button
Close