Ердоган: Преземени се сите „неопходни чекори“ да се фатат сторителите на нападот во Истанбул
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство за нападот во италијанската католичка црква во Истанбул, во кој загина еден човек. Турскиот претседател рече дека се преземени „неопходни чекори“ за прогон на убијците, соопшти неговиот кабинет.

Ердоган, кој телефонски разговараше со локалните власти, како и со свештеникот на италијанската црква, рече дека „се преземаат неопходни чекори за да се фатат сторителите што е можно поскоро“.
🇹🇷 L'attacco armato alla chiesa cattolica di Santa Maria a Sarıyer, #Istanbul. Un morto confermato.
pic.twitter.com/qb927NXi0P— Marco Da Pozzo (@marcodpIII) January 28, 2024
Во католичката црквата Света Марија во Истанбул на 28 јануари, двајца напаѓачи отвориле оган кон верниците, а според првите информации на турските медиуми едно лице е убиено.
Според добиените информации, пукањето се случило за време на неделната богослужба кога две маскирани лица отвориле оган во дворот на црквата.
Католичката црква Санта Марија се наоѓа во областа Саријер во Истанбул.
Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамглу го осуди нападот.






