Ердоган се уште не дозволува влез на Шведска и Финска во НАТО

Шведска и Финска допрва треба да преземат „конкретни и искрени“ чекори да ја ублажат загриженоста на Турција пред нивното предложено влегување во НАТО, изјави во саботата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонскиот разговор со генералниот секретар на воениот сојуз, Јенс Столтенберг.

 

Изјавата на Ердоган доаѓа на помалку од една седмица од одржувањето на самитот на НАТО во Мадрид, кога се прават напори за итно позитивно решение на барањето на двете скандинавски земји за членство во Алијансата.

Финска и Шведска, кои со децении изведуваат заеднички вежби со НАТО и западните земји, ја напуштија својата традиционална политика на воена неутралност и искористувајќи ја офанзивата на Русија во Украина, поднесоа кандидатури за членство на Алијансата.

Официјална Анкара подолго време ги обвинува Хелсинки и Стокхолм дека ги згрижуваат и прифаќаат припадниците на Работничката партија на Курдистан, која од 1984 година води вооружен бунт против Турција каде што е забранета, а се наоѓа и на листите терористички организации на ЕУ и на САД.

Турција, исто така, им забележува на нордиските земји за пружање засолниште на припадниците на FETO, следбеници на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој е во егзил во САД.

Back to top button
Close