ЕУ ќе воведе универзален полнач за паметни телефони

Европската унија и Европскиот парламент се договорија да воведат универзален полнач за паметни телефони, таблети, конзоли и дигитални камери во Унијата до есента 2024 година, а потоа и за лаптопи, соопшти Европарламентот.

Регулативата, со која ќе се воведе USB-C на сите електронски уреди со мала и средна големина, има за цел да го ограничи отпадот штетен за животната средина и да ги заштити правата на потрошувачите кои се принудени да акумулираат некомпатибилни полначи за нивните различни уреди.

Американскиот гигант Епл (Apple), кој ја брани својата технологија за полнење, жестоко се спротивстави.

 

Back to top button
Close