ЕУ им честита на тајванските гласачи кои учествуваа на изборите


Европската унија денеска го „поздрави“ одржувањето на претседателските и парламентарните избори во Тајван и преку соопштение им честиташе на „сите гласачи кои учествуваа во оваа вежба на демократијата“, но без да го спомене новоизбраниот претседател Вилијам Лаи.

„ЕУ останува загрижена за растечката тензија во Тајванскиот теснец и се спротивставува на секој унилатерален обид за промена на статус квото. ЕУ нагласува дека мирот и стабилноста во теснецот се од суштинско значење за безбедноста и просперитетот на регионот и на светот“, се вели во соопштението на портпаролот на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close