ЕУ му се закани на Лондон поради Северна Ирска

ЕУ ѝ се закани на Велика Британија со правна постапка откако владата на Обединетото Кралство претстави нацрт-закон со кој се предлага еднострана промена на трговскиот договор за Северна Ирска по Брегзит.

– Со значителна загриженост ја забележуваме денешната одлука на владата на Обединетото Кралство да го воведе нацрт-законот, рече заменик-претседателот на Европската комисија Марош Шефчович за новинарите во Брисел.

Тој истакна дека ЕУ нема повторно да преговара за договорот за Брегзит и дека Брисел сега ќе размисли за продолжување на суспендираната „постапка за прекршување” против Британија, како и отворање нови правни дела.

Back to top button
Close