ЕУ одобри шест милијарди евра за Западен Балкан, но треба да се исполнат одредени услови

Советот на Европската Унија го одобри инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Планот, им обезбедува на земјите шест милијарди евра од буџетот на Европската Унија, две милијарди директна помош и четири заеми.

Но, за да ги добијат парите земјите треба да подготват реформски агенди, во кои ќе наведат кои реформи ќе ги спроведат.

Дополнително, предуслови за добивање пари, меѓу другото, се почитување на демократските принципи, слободни и фер избори, медиумски плурализам, независност на судството, владеење на правото.

Дополнителни предуслови имаат и Белград и Приштина, што е видливо поместување во нормализацијата на односите, како и исполнување на обврските што произлегуваат од претходно договорените договори.

Back to top button
Close