ЕУ планира да воведе царини за стоки од САД во вредност од 100 милијарди евра доколку преговорите пропаднат

ЕУ планира да воведе царини за стоки од САД во вредност од 100 милијарди евра доколку преговорите меѓу Вашингтон и Брисел во врска со евентуалното намалување на најавените американски царини кон членките на Унијата не успеат, јави Блумберг, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.
Изворите велат дека листата со предложени нови европски тарифи против САД ќе биде дистрибуирана до земјите-членки уште утре и дека консултациите ќе траат еден месец пред финализирањето на листата.
Тие изјавија дека списокот може да се промени во тој период.
Европската комисија ќе го сподели тој документ со САД оваа недела за да се обиде да започне преговори за намалување на американските царини со ЕУ.
Во преговорите меѓу ЕУ и САД, што почнаа минатиот месец, постигнат е мал напредок и се очекува дека поголемиот дел од американските царини ќе останат на сила, јави Блумберг. ЕУ веќе воведе царини за американски стоки во вредност од 21 милијарда евра како одговор на царините од 25 проценти на американскиот претседател Доналд Трамп за извоз на челик и алуминиум.

Back to top button
Close