ЕУ по најавата на Вучиќ за посета на Москва: Србија мора да нè увери во својот стратешки правец

По најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во Москва на 9 мај, реагираше Европската Унија, повикувајќи го да ја увери во својот стратешки правец.

(Photo by ANDREJ ISAKOVIC / AFP)

Портпаролот на Европската комисија за проширување и меѓународно партнерство, Гијом Мерсие, во писмениот одговор за Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека Унијата била целосно јасна со своите партнери, вклучително и со земјите кандидатки како Србија, за односите со официјална Москва.

 

„Односите со Русија не можат да се одвиваат по принципот ‘бизнис како и обично’ со режимот на Владимир Путин, особено во eкот на неиспровоцираната и неоправдана агресија врз Украина“додава портпаролот на ЕК за проширување и меѓународно партнерство.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека не го променил ставот и покрај притисоците и дека ќе оди во Москва по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. Рече дека најверојатно ќе оди сам, примајќи ги сите удари поради ваквиот негов потег.

Back to top button
Close