EUAA: Од Русија во март избегале 300 илјади граѓани

Податоците на EUAA покажуваат дека најмногу руски емигранти отишле во земјите од Централна Азија и Јужен Кавказ, а потоа следат Турција и европските земји, пренесува РТВ.

„Кога станува збор за барањата за меѓународна помош, барањата за азил поднесени од руските граѓани се удвоија во март во споредба со февруари и достигнаа 1.400, што е рекордно ниво од август 2018 година“, соопшти ЕУАА.

Агенцијата за азил на ЕУ наведува дека граѓаните на Русија во претходните месеци го почувствувале „економското влијание на инвазијата поврзано со санкциите и растот на цените“, но и доживеале „значителни ограничувања на слободата на говорот и собирањето“.

Се проценува дека стравот од одмазда, гонењето за антивоени протести и законите за цензура се значителни притисоци врз мигрантите кои неодамна ја напуштиле Русија.

Во меѓувреме од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, во Европа избегале над 5 милиони Украинци.

Back to top button
Close