Европа планира да собере сто милијарди евра за обнова на Украина

Европската инвестициска банка предлага основање финансиски инструмент со кој би се обезбедиле сто милијарди евра, средства наменети за инвестиции во обновата на Украина.

Како што е наведува во документот до кој стигнаа светските агенции, Фондот „ЕУ-Украине гејтвеј“ би требало да стартува со почетни 20 милијарди евра, обезбедени преку придонеси од државите на ЕУ како и од буџетите на ЕУ во форма на неповретни средства, заеми и гаранции.

Се проценува дека гаранциите би имале повеќеслоен ефект, оттаму што би овозможиле инфраструктурни проекти во вкупна вредност до сто милијарди евра, што е приближно на половината од итните потреби на Украина.

Предлогот на ЕИБ би требало да биде претставен денеска, на првиот ден од Меѓународната конференција во Швајцарија, свикана со цел да се обезбедат средства за Украина и помош за повоена обнова. Предложениот фонд на ЕИБ е сличен на инструментот што беше спроведен за поддршка на малите и средните претпријатија во времето на корона-епидемијата.

За спроведување на планот е неоходна согласност од Европската комисија, а потоа истиот да биде поддржан од мнозинството членки на ЕУ. Државите на ЕУ дополнително ќе одлучуваат дали поединечно со свои придонеси ќе учествуваат во фондот.

Украинската Влада се очекува денеска за првпат да ги претстави своите приоритети за повоена обнова на земјата, на самитот во Лугано каде е најавено учество на претставници на 40 држави потенцијални донатори.

Back to top button
Close