Европскиот парламент следната недела за очекувањата од Самитот ЕУ-Западен Балкан и Европскиот совет

Членовите на Европскиот парламент на пленарната сесија следната недела ќе разговараат за очекувањата од Самитот ЕУ-Западен Балкан и ќе ги презентираат барањата пред состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Од 16 до 19 декември во Стразбур ќе се одржи пленарна седница на Европскиот парламент, а за Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се расправа во среда, истиот ден кога самитот се одржува во Брисел.

Претходно, в среда, пратениците на ЕП ќе им ги претстават своите барања на европските лидери пред состанокот на Европскиот совет на 19 декември, на кој ќе се фокусираат на Украина и Блискиот Исток, превенцијата од кризи и миграцијата.

Back to top button
Close